Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

ПРОЕКТИ

Едночинки

404 Queer Not Found

Контра-архива на отсуството на квир и транс* перспективите од (независната) културна сцена х Ема Френкланд

Разговор и работилница  |   05.06.2026 @ Железничка зграда 

Што значи да се биде квир или транс* на (независната) културна сцена? Колку е инклузивна и сензитивна театарската и филмската сцена и колку е ЛГБТИК+ видливоста симболична? Како изгледа поигрувањето со родовиот перформансот кога да се биде видлив/а носи ризик, но паралелно отвора креативен простор за критика и игра? Преку разговор со уметницата Ема Френкланд, актерот, музичар и дрег крал Лео Долорес Поповиќ и Душица Лазова (Бучкуруж), проследен со спекулативни вежби за квир/транс* канонот, ги отворивме овие прашања и се обидовме да создадеме наша контра-архива на референци и инспирација од (домашниот) театар и филм, експерименталната изведувачка сцена, дрег шоуата и активизмот.

Бучкуруж нуди локализирана верзија на оваа работилница во времетраење од час и половина до два часа.

ГАЛЕРИЈА

Едночинки 2026 Читачки клуб: „Машкуданство“ од Џек Халберстам ПРЕТХОДЕН ПРИЛОГ Истражување/Публикации 2026 Кратка историја на лабрисот СЛЕДЕН ПРИЛОГ

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop