Од април до јуни 2026, ја читавме Машкуданство (“Female Masculinity”, 1998) на Џек Халберстам. Собрани на едно место сите машкуданки, (trans*) (mascs), dykes, studs, буч лезбејки, дрег кралеви, tomboy femmes и оние љубопитни за родовата експресија и преобмислувањето на машкоста (тука и денес) вон ригидните телесни и социокултурни модели—заедно ја расцепкавме таа озлогласена женска девијантност и фиксираноста на херојската мажественост. Читачкиот клуб го водеше Душица Лазова.
Оваа книга не е само вовед во идејата за обмислување на машкоста без мажите, туку обид да се соберат митовите и фантазиите за мажественоста кои се погрижија никако да не можеме да ги раздвоиме машкоста и мажественоста. Притоа, ви нудам примери за инакви мажествености во фикцијата, филмот и живееното искуство.
„Машкуданство“, Џек Халберстам
