Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

БУЧКУРУЖ е културно-уметничка и истражувачка иницијатива што замислува чопор на невклопените, на родово неускладените изроди, на недопадливите отпадници, на совршените губитници, на сите самопрокламирани фем машкуданки, dyke принцези и оние помеѓу.

На македонски, зборот бучкуруш значи

  1. јадење подготвено набрзина од неспојливи состојки и остатоци,
  2. каква било мешавина од неприкладни нешта или
  3. безредие.

Преосвојувајќи го терминот со мал твист, Бучкуруж претставува простор за креативен израз и за ѝсториска и спекулативна археологија на родовата трансгресија со посебен фокус на лезбејската*, транс* и родово-флуидната заедница – без фиксна идентитетска позиционираност, туку со намера да го разбуричкаме тој идентитетски хаос. Тука сме да ги направиме бучкуруш постоечките архиви, да се измислиме и составуваме, да бидеме археолози на колективната меморија, да се одомаќиниме во сопствената културна ѝсторија и заеднички да ги исцртаме потенцијалите на неограничувачките иднини.

Зад Бучкуруж стојат Благица Петрова и Душица Лазова кои низ различни спојувања и сонувања соработуваат со сите кои имаат желба креативно и ангажирано да се изразат. Нашите проекти се движат од дрег изведби и концептуални забави, до истражувачки проекти и (ан)архивски подвизи.

Click here for English

благица
петрова

на домашната квир сцена позната како Чичо, е една од основачките на дуото Бучкуруж. Професионално, повеќе од 10 години се занимава со финансии и финансиска аналитика, а од сосема неодамна го откри перформансот како своја најблиска форма на креативен израз.
Ја сака планината, навлечена е на графички романи и sci-fi авантури, а особено ја интересира и привлекува сè отаде универзумот и времето.

душица
лазова

се бави со истражување, пишување, уредување и преведување. Магистрирала на програмата Род и медиуми на Универзитетот Сасекс во Брајтон, Англија. Покрај Бучкуруж, таа е соуредничка на феминистичката платформа Медуза, дел од колективот на регионалната книжевна награда „Штефица Цвек“ и кураторка на QUEER програмата на Фестивалот за феминистичка култура „Прво па женско“ од 2025 година. Сака arthouse филмови, фанзини и да чепка по архиви.

проекти

Продукција/Перформанс

Повеќе

Истражување/Публикации

Повеќе

Едночинки

Повеќе

соработници:
МЕДУЗА, ТИИИИТ! Инк., трансформа, Коалиција
МАРГИНИ, Skopje Pride
Weekend, Култура Бета,
Лабораториум

Што велат за
Бучкуруж?

Досегашни СПОНЗОРИ:
Digital Democracy
Initiative, Heartefact

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop