Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

ПРОЕКТИ

Истражување/Публикации

Кратка историја на лабрисот

За лабрисот—или двојната секира—се вели дека било избрано оружје на Амазонките, познатите воинки од грчката митологија. Оттаму, терминот „амазонка“ долго време се користел како термин за независна и/или машкуданеста жена, понекогаш како комплимент, понекогаш како навреда, а често со поттекст дека се работи за лезбејка.

Во 1970-тите и 80-тите, лабрисот станува омоќувачки, феминистички симбол за (политичките) лезбејки и почнува сѐ повеќе да се среќава во материјалната и популарната лезбејска култура—на банери, памфлети, плакати, облека…

Лабрисот е централен симбол на првото лезбејско знаме дизајнирано од Sean Campbell во 1999 година. Покрај лабрисот, знамето содржи уште два лезбејски симболи: превртениот црн триаголник—којшто нацистите го користеле за да ги маркираат „асоцијалните“ жени, односно сексуално девијантните и родово неускладените жени, во овој случај афирмативно преосвоен (како розовиот триаголник кај геј мажите); и љубичиците—претставени преку виолетовата боја—чија поврзаност со лезбејскиот идентитет датира од поезијата на античката грчка поетеса Сафо каде што постојано се спомнуваат во придружба на романтични изјави на љубов меѓу жени.

Лабрисот продолжува да биде симбол на лезбејскиот* идентитет, дружина, ѝсторија и—по линија на Амазонките—сила!

@butchkuruzh

ГАЛЕРИЈА

Првото лезбејско знаме
Тетоважата од лабрис на Corky во филмот "Bound" (1996)
Едночинки 2026 404 Queer Not Found ПРЕТХОДЕН ПРИЛОГ Истражување/Публикации 2026 Кратка ѝсторија на првите лезбејски* клубови и кабареа СЛЕДЕН ПРИЛОГ

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop