Локална поддршка за „Technoburlesque – Image Snatchers“ на The Feminalz (SLO) на Skopje Pride Weekend | 13.06.2026 @ МКЦ | 5’
Во хетеронормативното општество, привлечноста генерално се чита преку бинарни и комплементарни кодови — каде мажот и жената се надополнуваат во својата родова одреденост. Оваа ригидност на желбата често опстојува и меѓу ЛГБТИК+ лицата, каде едниот партнер обично треба да биде „помашкуданест“, а другиот „поженствен“; едниот активен, другиот пасивен. На тој начин, идентитетот станува збир од критериуми што треба да се исполнат, а заедницата понекогаш ги репродуцира истите норми што се обидува да ги надмине: дали сум доволно буч за да бидам со онаа фемка? дали сум доволно masc/femme-presenting за да ме прифатат како транс? зошто никој/а не ми приоѓа, зар не се познава дека сум квир? Така родот се произведува и потврдува преку повторување на општествено препознатливи перформанси кои неретко (не)свесно ги проектираме врз себеси и другите.
„Ќе дојдеш ли на рандеву?!“ ја преиспитува привлечноста меѓу индивидуите и саморегулирањето и цензурирањето на родовата експресија во/од самата квир заедница. Поаѓајќи од препознатливите поделби на femme наспроти butch/masc идентитети, перформансот го отвора прашањето: дали може да се привлекуваат двајца/две што ги делат истите родови кодови и естетски обележја и што е тоа што ја регулира желбата која (не) се јавува меѓу нив? Перформансот намерно се служи со овие очекувања и стереотипи, при што сцената станува простор во кој родовите обележја може да се преувеличат, изместат и на крајот да се напуштат. Она што останува по растеретувањето од категориите и очекувањето за тоа како треба да изгледа телото за да биде посакувано, се две тела и односот меѓу нив.
Продукција: Бучкуруж | Изведувач_ки: Благица Петрова и Лео Долорес Поповиќ | Соработничка: Клелија Живковиќ | Музика: Ненад Стефаноски – Брус
Поддржано од Коалиција МАРГИНИ






