Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

ПРОЕКТИ

Продукција/Перформанс

Дрег кинг кабаре

QUEER програма на „Прво па женско“ #13  |   прва изведба: 01.11.2025 @ Кафе бар „Љубов“   |  30′

Годината е 1931, а берлинското кабаре е главното субверзивно, политички ангажирано и експериментално прибежиште на ноќниот живот. На цензурата, пуританството и растечкиот фашизам им се возвраќа со песна и танц, политичка сатира и незауздана еротичност. 

Сто години подоцна, кога фашистичките фантазии повторно шетаат на отворено, десничарската реторика повторно меле за традиционалните вредности, анти-родовите актери нѐ ловат деноноќно, а телата се дициплинирано суспендирани во недостаток на слободен ноќен живот — гламурозно се качуваме на сцената наконтени со бисери и пердуви, зашто и отпорот заслужува да светка под рефлектори. Облечете ги фустаните и фраковите, ставете ја најблескавата шминка, истопорете ги вашите буч торза, кокетирајте со вашата фем хаотичност и бидете дежурни циркузанти и родови пропалици — нека светот биде затекнат од вашиот квирлук.

Продукција: Бучкуруж (Благица Петрова и Душица Лазова) | Изведувач_ки: Благица Петрова (MC Čičo), Лазарус, Падре Долоросо (Sal Balls) и Один – заедно со Душица Лазова заеднички вклучени во развој на сценарио, костимографија, сценографија и музички избор | Тон-мајсторка: Лила Мирчевска | Светло-мајсторка: Александра Арсовска | Шминка: Сара Миленковска; Фотографка: Валентина Миладинова

Поддржано од Тиииит! Инк. 

Повеќе

ГАЛЕРИЈА

Продукција/Перформанс 2026 Погани денови ПРЕТХОДЕН ПРИЛОГ Продукција/Перформанс 2026 Курлинарски муабети СЛЕДЕН ПРИЛОГ

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop