Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

September 29, 2026 by Admin Leave a Comment

Лезбејско-феминистичката активистичка група – „ЛезФем“ била оформена во рамките на ЛГБТИ центарот за подршка во Скопје во 2013 година, во чиј фокус се женските, а особено лезбејските права. Групата настанала со цел да се утврдат проблемите со кои се соочуваат лезбејките и жените во РСМ, и преку размена на идеи и конструктивни акции да се пристапи кон нивно решавање. Во моментов групата не е активна.

„ЛезФем е создадена низ дружења и долги разговори на неколку девојки кои се препознаваат себеси како лезбејки, политички лезбејки и феминистки. Наша цел е зголемување на видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам и промовирање на свежи стратегии на отпор кон доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот и клерикализмот. Се стремиме кон креирање на автентичен политички глас трагајќи по различните женски искуства во минатото додека го градиме нивното значење и континуитет денес, како и кон политичка артикулација на секојдневните искуства и социјални релации меѓу жените, не само емотивни, туку и економски, пријателски, професионални и семејни.

@lezfem

Токму во овие женски реалности, а не замислени животни стилови, ЛезФем гледа извор на знаења, вредности, енергија и моќ

извор: Фејсбук страната на ЛезФем

АКТИВНОСТИ

  1. (1) „Лезбејките ви посакуваат ‘Пријатен ден’“
  2. (2) Поетско читање „Сафо од нашата улица“ и поетски слем во рамки на Фестивалот на феминистичка култура „Прво па женско“  
  3. (3) Промоција на лезбејската збирка „Пристоен живот”
  4. (4) Лезбејски пикник

ГАЛЕРИЈА

Герила акција „Лезбејките ви посакуваат пријатен ден“ (2013)
Логото на ЛезФем
Лезбејски пикник во Градски парк во склоп на првиот IDAHO ден во Скопје (18.05.2014). Ванчо Џамбаски

Filed Under: Активизам

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop