Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

ПРОЕКТИ

Продукција/Перформанс

Погани денови

{ДНО} забава Vol. 5 – OFF програма на Skopje Pride Weekend   |   17.01.2026 @ Паб „Sе“

Со векови наназад зимските ритуали го слават завршувањето на стариот циклус и почетокот на следниот. Поганите денови го одбележуваат ова гранично (не)време — стариот свет што допрва чека да биде заменет со нов, земскиот свет што се отвора кон ѓаволскиот свет на „нечисти“, диви сили, препуштајќи се на хаос и безродие. Време е да го отклучиме лиминалниот простор на поганите денови. Бучкуруж со семејството ве кани на фамилијарна слава со сите пакости и поганости, со сите адети и салтанати, но и со наши сопствени традикции и обучаи. А зар сте виделе {настрана} слава без вистинско родокурцање? Дружете нѐ до самиот крај на ова игриво и церемонијално прославување.

Продукција: Бучкуруж  |  Текст: Душица Лазова и Благица Петрова  |  Сценарио и концепт: Душица Лазова, Благица Петрова, Лазарус, Лео Долорес Поповиќ и Клелија Живковиќ  |  Изведувач_ки: Душица Лазова, Благица Петрова, Лазарус, Лео Долорес Поповиќ и Клелија Живковиќ | Фотограф: Александар Чокревски

Поддржано од Коалиција МАРГИНИ

Повеќе

ГАЛЕРИЈА

Продукција/Перформанс 2026 Дрег кинг кабаре СЛЕДЕН ПРИЛОГ

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop