Кочо Андоновски, бранител на човековите права и поборник за ЛГБТ+ правата, стана првата личност која јавно се „аутираше“ пред македонските медиуми на 19 април 2005 во емисијата „Чуму“ на А1 телевизија, во тоа време најгледаната телевизија во земјата. Андоновски се појави на малите екрани како геј маж и претседател на Македонската Асоцијација за Слободна Сексуална Ориентација (МАССО). Андоновски имаше интегрална улога во спремањето на општ Закон за недискриминација во 2008 и во организирањето на првиот Марш на Толеранцијата во Македонија во 2009.
Реакциите беа бурни. Луѓе ми кажуваа дека многумина наместиле аларми, да „не заборават да го видат педерот, кој јавно ќе каже дека е тоа“. Тие можеби гледале во „педер“ секој ден, но не знаеле за тоа. Она што за мене беше шокантно е поддршката која ја добив. Особено од хетеросексуалците. Тоа, веројатно, е тешко да им се објасни на младите денес. Особено на овие кои израснаа во периодот од 2006 година, па наваму.
Имаше и негативни реакции. Имаше негативни реакции и од луѓе кои се припадници на ЛГБТИ заедницата. Особено оние кои беа конформирани и веќе имаа воспоставено систем на функционирање во такви услови на невидливост или непостоење. Она што ми паѓа на памет, преку што можам да ја објаснам таа ситуација, е споредбата со онаа политика на армијата во САД, а која неодамна беше укината: don’t ask – don’t tell, или така наречен „двоен живот“. Рушењето на тој конформизам на луѓе кои се слеале во едно исклучувачко, затворено општество каде ЛГБТИ луѓето „не постојат“, секако дека предизвика негативни реакции.
кочо андоновски, окно.мк
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ
