Butchkuruzh
Butchkuruzh
  • Butchkuruzh
  • Салон
  • Бучкуруж
    • Истражување/Публикации
    • Едночинки
    • Продукција/Перформанс
  • Меморија
  • Библиотека
  • Испрати

МЕМОРИЈА

Активизам

Лора Фер (1981-2016)

Лора Фер (Laura Feer) беше првата македонска активистка за трансродови права и правата на сексуалните работници_чки и основачка на СТАР – Првиот колектив на сексуални работници_чки на Балканот. Голем дел од животот живеела во Канада, каде што прерано почина на само 34 години. Лора Фер исто така го изведе првиот дрег настап во Скопје.

„Пред да осудите или стигматизирате некој кој е поразличен од вас, најпрво запрашајте се зошто и кого судите, дали нè познавате навистина доволно добро, дали располагате со информации за трансродните лица. Не пример: дали знаете дека трансродните лица често се хетеросексуални? Дали знаете дека постојат луѓе кои поседуваат машки и женски родов идентитет? Дали знаете дека машките кои имаат женски манири и обратно не секогаш се геј? Дали знаете дека хомосексуалноста е една од трите главни сексуални ориентации? Дали знаете дека парадата на гордоста на ЛГБТ лицата е мерка по која се мери толерантноста на едно општество и држава? Дали знаете дека мерка за добра политика и грижа за населението во една држава е нејзиниот однос кон малцинските групи?“

ЛОРА ФЕР, ОКНО.МК

Објава за збогум од нејзините колеги од СТАР: 

„Сѐ започна со тебе драга! Нѐ охрабри, ни даде визија и кога знаеше дека можеме сами си замина. Тогаш замина за да леташ во животот, да леташ низ светов, да бидеш некаде пак главна! Недостасуваше неизмерно, те имаше, па те немаше, ама секогаш во вистинско време и секогаш со причина, секогаш за да нѐ потсетиш за вистинскиот активизам, за вистинската борба! Беше ли свесна колкава инспирација беше ти за нашата заедница? Знаеше ли дека нема никој да те замени? Ти за нас беше сето она што сакаме да го имаме и сето она што нас секогаш нѐ прави горди. Сега секоја помисла на тебе неподносливо боли. СТАР е твоето бебе, а ти за СТАР си неговата ѕвезда. Сакаме да знаеш дека ќе се грижиме за сите наши сестри, и нема да го заборавиме твојот силен активизам! Ќе се бориме силно за сѐ она што ти не стигна да се избориш. Ветуваме! Лепотице, што да ти кажеме, остана толку многу некажано – сигурно ни се смешкаш сега некаде од горе! Чао Лора!“.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

  1. (1) Љубовта краси, омразата гнаси
  2. (2) Лора Фер во „Студио“ (2016) 
  3. (3) Портрет на Лора Фер

ГАЛЕРИЈА

Лора Фер во „Студио“ со Биљана Секуловска, 2016
Приватна архива
Активизам 2026 Првото јавно „аутирање“ ПРЕТХОДЕН ПРИЛОГ Уметност 2026 Првиот дрег настап во Скопје СЛЕДЕН ПРИЛОГ

follow us on
@butchkuruzh

или пишете
ни на

Envelop